ул. Ѓорче Петров 6, Куманово, Северна Македонија

Нова Генерација Лаборатории

Брзо - Прецизно - Доверливо

Лабораторија БДА

Лабораторија БДА започнува со работење во 2016 година со отварање на акредитирана лабораторија за присуство на Трихинела во месо. Во 2018 година компанијата се проширува со отварање на акредитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија по најнови и највисоки светски стандарди, додека во 2020 година се отвара и хемиска лабораторија.

Во истата се испитуваат сите видови на млеко и млечни производи, вода, воздух, месо и производи од месо, овошје и зеленчук, жито и житни производи, јајца, сите видови на безалкохолни пијалоци, сокови, зачини и уште голем број други производи.

Постојано се трудиме да го подобриме квалитетот на нашите услуги. Тежнееме кон тоа да го зголемиме бројот на акредитираните методи, а со тоа да го зголемиме задоволството на нашите клиенти.

Кои услуги ги нуди нашата лабораторија

Микробиологија

Целокупна микробиолошка анализа со цел да се задоволи правилникот за микробиолошки критериуми за храна.

Хемиска Лабораторија

Анализа и испитување на храна и сточна храна како и параметри од животна средина.

Паразитологија

Детекција на ларви Трихинела во месо со метода на вештачка дигестија на збирни примероци со магнетна мешалка.

Обуки

Стекнување основни знаења за безбедност на храна - курс по хигиена.

Современа Акредитирана Лабораторија

Нашата акредитација е добиена по темелни контроли и проверки на сите нивоа, од стручна комисија составена од домашни и странски експерти. За одредени бактерии ПТ шемите се извршени во референтни лаборатории во Рим, Лондон каде што прецизноста на резултатите е 100 проценти.

Современа Акредитирана Лабораторија

Нашата акредитација е добиена по темелни контроли и проверки на сите нивоа, од стручна комисија составена од домашни и странски експерти. За одредени бактерии ПТ шемите се извршени во референтни лаборатории во Рим, Лондон каде што прецизноста на резултатите е 100 проценти.

Имате прашање поврзано со услугите на лабораторијата?