Дознајте повеќе за нас
Дома / За нас
Лабораторија БДА се посветува на примена, развој, одржување и континуирано подобрување на системот за управување со квалитет, во согласност со стандардот MKC EN ISO 17025:2018 и постојано подобрување на неговата ефективност.
Раководството на лаборатотијата обезбедува лабораторијата во своето работење и давање на услуги на тестирање да се придржува на принципите на добра лабораториска пракса.
Основно определување на лабораторијата е непристрасна, точна и објективна услуга.
Исполнувањето на барањата на клиентите и почитувањето на регулативата и стандардите се приоритет и цел на лабораторијата.
Професионалниот однос во деловното комуницирање во текот на подготовката и давањето на услугата е мото на однесувањето на персоналот во лабораторијата.
Грижата за корисникот е главна цел на однесувањето на персоналот во лабораторијата.
Образованието и постојаното усовршување на вработените се гарант за квалитетот на услугите на лабораторијата.
Персоналот е обврзан во своето работење и давање на услуги на тестирање да се придржува на политиката и процедурите од документацијата на системот за управување.
Лабораториските активности се изведуваат на таков начин, со што се исполнуваат барањата на овој документ, корисници на услуги на лабораторијата, регулаторни органи и организациите кои обезбедуваат препознавање.