Куманово, Северна Македонија

Молекуларни анализи (Real Time PCR)

МОЛЕКУЛАРЕН ОТСЕК
- Детекција на геном на вирус на африканска чума кај свињи (PCR)
- Детекција на патогени микроорганизми во храна и добиточна храна (PCR)
- Изолација и детекција на овча, свинска, магарешка, коњска и кокошја ДНК во храна (PCR)

Дознај повеќе за нашата лабораторија за паразитологија

Трихинелозата е паразитско заболување кај животните и луѓето распространето во целиот свет. Многу животни можат да бидат резервоари на болеста но најчесто кај луѓето се пренесува од свињите и од дивите животни. Паразитот е присутен во мускулатурата на инвадираните животни и кај луѓето се пренесува доколку консумираат недоволно термички обработено месо. Периодот на инкубација кај луѓето (од консумирање на инвадирано месо до појавата на првите знаци на болеста) изнесува 1-2 дена по што се јавуваат треска и гастро интестинални симптоми предизвикани од паразитите кои во таа фаза се наоѓаат во цревниот систем кај луѓето. За да се спречи појавата на болеста кај луѓето најважно е да не се консумира недоволно термички обработено месо, особено од диви животни.

Наша мисија и цел е да се обезбедат поквалитетни производи на нашиот пазар. БДА има акредитирано метода за испитување на присуство на Trichinella spiralis во месо по метод на вештачка дигестија. Лабораторијата за испитување на Trichinella spiralis е одвоена од останатите лаборатории и е во склоп на Кланица БДА, објект за колење на копитари и чапункари.